Утрински Весник
Спорт

Трансфер листата на Реал е кратка, но спектакуларна

Трансфер листата на Реал е кратка, но спектакуларна

Реал Мадрид наводно направил трансфер листа за летниот преоден рок. На листата има четворица фудбалери.

dobivaj vesti na viber

Приоритет во летниот преоден рок ќе биде напаѓач. Свесни за возраста на Бензема, клупските челници планираат да донесат звучно име. Наводно прв пике Душан Влаховиќ од Јувентус. е потписот на напаѓач кој во иднина постојано ќе го менува Карим Бензема на напаѓачката позиција. И покрај разочарувачката форма, Србинот постигна 11 гола на 34 натпревари. Јувентус за него бара повеќе од 100 милиони евра.

На списокот на напаѓачи кои Реал ги посакува е и Садио Мане од Баерн. Сенегалецот имаше одлични партии во Ливерпул, но падна во криза откако се пресели во Баерн. Последниот гол во Бундеслигата го постигна во октомври. Моментално има учинок од 11 гола на 33 натпревари во сите натпреварувања.

Реал во тимот сака да го има и Рафаел Леао од Милан. Наводно Флорентино Перез е во постојан контакт со менаџерот на Португалецот. За да го донесе Леао, Реал на Милан ќе им понуди кеш и Брахим Дијаз, кој како позајмен играч втора сезона е дел од Милан.

На радарот на реал е и Нигериецот од Виљареал, Самуел Чуквуезе. Крилниот напаѓач неодамна со два гола му донесе победа на Виљареал во дуелот со Реал на „Сантијаго Бернабеу“.

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство