Утрински Весник
Балкан

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени

Image 2026 02 12 143946190 e1770903615238.png

Една жена загина, а неколку други лица се повредени денеска во Сараево кога градски трамвај излета од шините на еден од најпрометните улици во близина на Националниот музеј на Босна и Херцеговина и Амбасадата на САД.

„Едно лице загина. Според моменталните податоци, две лица се повредени. Обвинителот е информиран, а полицајците се на терен“, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Според достапните информации, трамвајот излетал од шините околу пладне и притоа ја пробил заштитната ограда и се лизнал десет метри на патот. Целиот преден дел од трамвајот бил уништен.

Во несреќата жената била згмечена од трамвајот кога излетал од шините. За да стигнат до нејзиното тело, пожарникарите морале да ја пресечат оштетената структура на возилото.

Станува збор за еден од старите трамваи од чешко производство, кои се помалку се користат, бидејќи минатата година почнале да ги заменуваат со нови возила произведени од швајцарската компанија Штадлер.

Можете да прочитате

ЕУ нема да го поддржи гасоводот Јужен интерконектор во Босна и Херцеговина

Нов смртен случај за осум дена по операција на крајници во Општата болница во Чачак

Турција и Грција посветени на зајакнување на пријателските односи и подобрување на каналите за комуникација