Утрински Весник
Свет

Трамп за денеска најави објавување на 80.000 страници документи за убиството на Кенеди

Tramp 1 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека неговата администрација денеска ќе објави околу 80.000 страници класифицирани документи поврзани со убиството на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1963 година.

-Луѓето чекаат на ова со децении. Ќе биде многу интересно, изјави Трамп при посетата на Центарот „Кенеди“ во Вашингтон.


На новинарско прашање дали видел што има во документите, Трамп рече дека само слушнал, но и дека луѓето треба сами да си направат резиме по објавените документи.

Во февруари, Федералното истражно биро (ФБИ) објави дека открило илјадници нови документи за убиството. Трамп уште во првата недела од мандатот нареди откривање на досиејата и најави дека ќе бидат објавени и документи поврзани со убиствата на Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг.

Последен пат беше објавена голема количина на документи поврзани со атентатот во 2022 година, кога Националниот архив објави скоро 13.000 нови досиеја поврзани со убиството на Кенеди.

Можете да прочитате

Планот на Европа за одбрана на Гренланд – постојат четири опции

Минесота се повлече од истрагата за агентот на имиграциските власти кој усмрти жена, бидејќи нема пристап до докази

Донорска кожа од починати лица пристигна во Швајцарија за настраданите во пожарот во Кран-Монтана