
Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека војната во Украина е „хаос“ и оти не е лесна ситуација за решавање.
– Се обидуваме да го решиме тоа. Јас решив осум војни. Ова би била деветта, а нашите луѓе се во Русија во моментов за да видат дали можеме да ја решиме, рече Трамп.
Неговата изјава доаѓа додека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во државна посета на Ирска, на еден настан во Даблин рече дека брзината на мировните преговори и интересот на САД за преговорите му даваат причина за оптимизам.
„Малку оптимизам, според мене, беше пронајден поради одредена брзина на преговорите и интересот од американската страна. Тоа покажа дека Америка сега не се повлекува од каков било дипломатски начин на дијалог и тоа е добро“, заклучи Зеленски.
Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер во моментов имаат средба со рускиот претседател Владимир Путин, на која разговараат за мировниот план предложен од САД.


