Утрински Весник
Свет

Трамп: Во моментов разговарам со Путин

20251016174646 big 730x400 15.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп потврди на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека неговиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин е во тек.

„Во моментов разговарам со претседателот Путин. Разговорот е во тек, долг е и ќе известам за содржината кога ќе заврши, како и претседателот Путин. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање“, објави Трамп.


Разговорот Трамп – Путин се одржува еден ден пред посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон.

Предвидено е Трамп и Зеленски да разговараат за можноста Украина да добие ракети со долг дострел Томахавк.

Можете да прочитате

Макрон со предлог за забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Член на Хамас уапсен на аеродромот во Берлин, подготвувал терористички напади

Договорен датум за нови преговори меѓу Русија и Украина