Утрински Весник
Свет

Трамп во интервју за Фокс Њуз: Украина „можеби некогаш ќе биде руска“ 

Tramp.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Доналд Трамп ја остава отворена можноста Украина „можеби некогаш да биде руска“ и повика на размена на американската помош за природните ресурси на Киев, како што се ретките минерали.

„Можеби ќе склучат договор, можеби нема да склучат договор. Можеби ќе бидат Руси некогаш, или можеби нема да бидат Руси“, рече Трамп во интервју за Фокс Њуз.


„Сакам нашите пари да бидат безбедни бидејќи трошиме стотици милијарди долари“, нагласи Трамп во интервју за Фокс Њуз.

Американскиот претседател прецизираше дека од Украина побарал ретки минерали во вкупна вредност од 500 милијарди долари.

На почетокот на минатата недела Трамп веќе побара гаранции за ретките минерали што се користат конкретно во електрониката.

Во интервјуто, американскиот претседател исто така рече дека разговарал со неговиот кинески колега Си Џинпинг откако ја презеде функцијата минатиот месец.

Трамп поретходно потврди дека неговиот специјален пратеник Кит Келог, кој има задача да подготви предлог за запирање на украинскиот конфликт, наскоро ќе го посети Киев.

Според западни медиуми Келог би требало да биде во Украина на 20 февруари.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп