Утрински Весник
Свет

Трамп со закана до сите земји не го подржуваат за Гренланд

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател истакна дека можно е да воведе царини за земјите кои му се противат, оние земји кои не го подржуваат неговиот обид да стекне контрола врз Гренланд.

Трамп рече дека царините би можеле да се користат против земјите кои се спротивставуваат на неговите планови, без да даде дополнителни детали. Трамп претходно им се закануваше на европските земји, вклучувајќи ги Германија и Франција, со царини во други спорови за да ги унапреди интересите на САД.

Повторените забелешки на американскиот претседател за преземање контрола врз арктичкиот остров предизвикаа значителен немир во рамките на НАТО. Европските сојузници силно го отфрлаат овој потег и сега бараат зајакнување на безбедноста околу Гренланд, главно автономна територија која е дел од Кралството Данска.

Можете да прочитате

Повеќе од 100 жртви во поплавите во Африка

САД го продолжија рокот за преговори за продажбата на странските средства на „Лукоил“

Украинска делегација заминува за САД на разговори за можен мировен договор