Утрински Весник
Свет

Трамп со нова изјава за НАТО: „Ако некои членки не платат, нема да ги заштитам, тие и се смеат на Америка, мислат дека сме глупави“

1707128448 Unnamed File.webp.webp

Доналд Трамп ја повтори својата претходна изјава за НАТО, истакнувајќи дека нема да ги заштити земјите за кои верува дека не плаќаат доволно за одржување на НАТО Алијансата со тврдење дека таквите нации им „се смеат“ на САД.

„Ако не платат, нема да ги заштитиме, добро? И Бајден кој рече „О, ова е толку лошо. Ттолку е страшно тоа што го рече“. Не. никој нема да ги плаќа нивните сметки. Еден од шефовите на држави рече: „Дали тоа значи дека ако не ги платиме сметките, нема да не заштитите?“ Токму тоа значи. Нема да ве заштитам“ рече Трамп на митинг во Јужна Каролина.
Следниот ден, поранешниот претседател и претпоставен републикански кандидат разговараше со новинарите пред судот во Њујорк, каде што присуствуваше на сослушување за време на неговото судење под обвинение за тајни плаќања на филмска ѕвезда.

„Земјите од НАТО мора да платат. Тие треба да си ги платат сметките. САД даваат 200 милијарди долари, а тие даваат 25 милијарди долари. Нивната економија, кога ќе ги соберете земјите што го сочинуваат НАТО, таа е приближно еднаква на нашата економија. Значи, ние сме за 200 милијарди долари, тие се за 25 милијарди долари, и тоа за нив е многу важно затоа што ние имаме океан меѓу нас и Русија„ изјави Трамп.

„Значи, земјите од НАТО мора да платат. Не плаќаат, не плаќаат како што треба и се смеат на глупоста на Соединетите Американски Држави, каде што имаме тип како Бајден кој дава 60 милијарди долари секогаш кога некој ќе дојде и ќе побара. Не треба да го правиме тоа. Ни се смеат. Тие мислат дека сме глупава земја поради нашето лидерство“, продолжи Трамп.

Оваа недела американскиот Сенат одобри помош од 60 милијарди долари за Украина во нејзината борба против руската инвазија, што Бајден го поздрави. Но, републиканците кои го контролираат Домот на САД веројатно нема да го одобрат законот, пренесуваат медиумите во светот.

Трамп со неговата изјава минатата недела предизвика бес и тревога кога рече дека ќе ја охрабри Русија да ги нападне членките на НАТО за кои смета дека се финансиски деликвентни.

Можете да прочитате

Израел нападна цели на Хезболах во Либан

Украински дронови нападнале магацин за нафта во Курската област по што избувнал пожар

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз