
Доналд Трамп смета дека ќе биде тешко за Републиканската партија да ја задржи контролата врз двата дома на Конгресот по меѓуизборите закажани за есента 2026 година.
– Ќе видиме како ќе оди. Треба да победиме, но статистички ќе биде многу тешко да се победи. Ќе се обидеме да направиме сѐ што можеме, изјави тој во интервју за „Волстрит Џурнал“.
Трамп вели дека обезбедил повеќемилијардски инвестиции за САД, но не знае „кога тие пари ќе се реализираат“.
– Ја создадов најголемата економија во историјата, но веројатно ќе треба време луѓето тоа да го сфатат, додаде американскиот лидер.

