Утрински Весник
Свет

Трамп ѝ се закани на Русија: Или примирје или нови посилни санкции

Rute i tramp.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп ја предупреди Русија дека САД ќе воведат високи царини доколку во рок од 50 дена не биде постигнат договор за прекин на војната во Украина.

На заедничка прес-конференција во Белата куќа со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претседателот Трамп рече дека е „многу незадоволен“ од однесувањето на Москва.


-Доколку нема договор, ќе воведеме сериозни секундарни царини – околу 100 проценти, рече Трамп.

Трамп посочи дека САД ќе произведуваат и испраќаат „врвно оружје“ до сојузниците на НАТО, а потоа алијансата ќе одлучи каде тоа оружје е најпотребно.

-Ќе произведуваме врвно оружје и ќе го испраќаме до НАТО, рече Трамп, додавајќи дека дистрибуцијата, вклучително и испораките до Украина, ќе биде координирана од самата алијанса.

Руте, ја опиша одлуката на Трамп како историска. „Ова е навистина голема работа“, рече Руте, додавајќи дека тоа ќе ѝ овозможи на Украина да ја одржи својата одбрана од Русија. Тој истакна дека европските земји ќе ги покријат трошоците за оружјето, на што Трамп додаде: „Тоа има совршена смисла“.

Можете да прочитате

Стигна првата реакција на Москва на ултиматумот на Трамп

Зеленски го смени премиерот и предложи жена на премиерската функција

Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица