Утрински Весник
Свет

Трамп ѝ се закани на Нигерија со воена акција ако убиствата на христијаните не престанат

Tramp.webp.webp
Dik 300x250 mk

Американскиот претседателот Доналд Трамп синоќа објави дека му наложил на Министерството за одбрана да се подготви за можна воена операција во Нигерија доколку нејзината влада продолжи да дозволува убивање на христијани.

Во објава на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“ (Truth Social), Трамп наведе дека американската влада исто така веднаш ќе ја прекине целата помош за Нигерија доколку таа сега посрамотена земја не преземе нешто за да го спречи прогонот на христијаните.


– Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко, исто како што терористичките насилници ги напаѓаат нашите сакани христијани! Предупредување: Нигериската влада подобро е да дејствува брзо!, напиша Трамп, осврнувајќи се на исламските фундаменталисти во најнаселената земја во Африка.

Еден ден претходно, Трамп ја вклучи Нигерија на списокот на САД на земји од посебна загриженост во врска со верската слобода, наведувајќи дека христијанството таму се соочува со егзистенцијална закана.

Карактеризацијата на Нигерија како религиозно нетолерантна држава не ја одразува нашата национална реалност, одговори на платформата Икс, нигерискиот претседател Бола Тинубу, муслиман во брак со христијанска паштерка, пред Трамп да се закани со воена акција.

Одлуката на Трамп доаѓа по месеци лобирање од страна на американските конзервативци кои сметаат дека христијаните во Нигерија се соочуваат со геноцид, објавија светските агенции.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците