Утрински Весник
Свет

Трамп се закани: Ако Хормуз веднаш не се отвори Иран ќе биде целосно уништен

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп објави заканувачка порака на својата социјална мрежа Truth Social за преговорите со Иран и евентуалното продолжување на воената операција.

Во објавата, тој изнесе тврдења за напредокот на преговорите, но исто така се закани со понатамошна ескалација доколку не се постигне договор.


„Соединетите Американски Држави се во сериозни разговори со НОВ И ЧУВСТВИТЕЛЕН РЕЖИМ за прекинување на нашите воени операции во Иран. Постигнат е голем напредок, но ако поради која било причина не се постигне договор наскоро, што веројатно ќе биде, и ако Ормутскиот теснец не биде веднаш „ОТВОРЕН ЗА БИЗНИС“, ќе го завршиме нашиот пријатен „престој“ во Иран со дигање во воздух и целосно уништување на сите нивни електрани, нафтени полиња и островот Харг (и можеби сите нивни постројки за десалинизација!), кои намерно сè уште не сме ги „допреле“, објави Трамп.

„Ова ќе биде одмазда за нашите многубројни војници и други кои беа масакрирани и убиени од Иран за време на неговите 47 години „ВЛАДЕЕЊЕ НА ТЕРОРОТ“. Ви благодарам за вниманието. Претседател Доналд Џ. Трамп“.

Можете да прочитате

Американската војска во регионот се зголеми на 50.000 војници пред можна копнена инвазија на Иран

Трамп: Ќе ми биде драго да ја земам иранската нафта

САД планираат инвазија на специјални сили за одземање на иранскиот ураниум?