Утрински Весник
Свет

Трамп: Сè уште размислувам дали ќе присуствувам на преговорите за Украина во Турција

Tramp 1.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека сè уште размислува дали ќе присуствува на разговорите за прекин на огнот во Украина, планирани за утре во Турција, но дека не знае дали во нив ќе учествува и рускиот претседател Владимир Путин.

„Тој би сакал да бидам таму, и тоа е можност. Не знам дали би бил таму ако јас не сум таму. Ќе дознаеме“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион на пат кон Катар, објави Ројтерс.


Трамп рече дека би можел да ја посети Турција на разговори, како дел од неговиот престој на Блискиот Исток оваа недела, иако неговиот распоред на посети и разговори е преполн и тој треба да биде во Обединетите Арапски Емирати утре.

„Тоа не значи дека не би го направил тоа за да спасам многу животи и да се вратам“, рече Трамп, според извештајот на „Вашингтон пост“.

Трамп потврди дека американскиот државен секретар Марко Рубио ќе биде присутен на разговорите меѓу претставниците на Русија и Украина во Истанбул. Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека ќе присуствува на преговорите во Истанбул, само доколку биде присутен и Путин, објави Танјуг.

Кремљ денес објави дека ќе испрати делегација во Истанбул, без да прецизира кој ќе ја претставува Москва.

Можете да прочитате

Русите вечерва треба да соопштат кој ќе оди на преговори во Турција

Колумбија се приклучува кон кинеската иницијатива „Појас и пат“

Трамп до Ал Шара: Можете да направите нешто историско во Сирија