Утрински Весник
Свет

Трамп: САД и ЕУ постигнаа историски трговски договор

Zlatna kupola tramp3 1.jpg
Dik 300x250 mk

Соединетите Американски Држави и Европската Унија постигнаа трговски договор, соопшти попладнево американскиот претседател Доналд Трамп.

Изјавата доаѓа по средбата на претседателот на САД со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во едно од неговите голф-одморалишта во Шкотска.


Трамп изјави дека договорот со ЕУ е „најголемиот договор што некогаш е направен” и дека ќе биде „одличен за автомобилите”.

– Постигнавме договор. Тоа е добар договор за сите, рече Трамп. – Тоа ќе нè зближи… тоа е партнерство во извесна смисла, додаде тој.

Договорот, исто така, вклучува ветувања за инвестиции и купување енергија во вредност од милијарди долари од Брисел.

Трамп претходно истакна дека главниот проблем бил „праведноста”, споменувајќи ги бариерите за американските извози на автомобили и земјоделски производи. Тој влезе во преговорите барајќи порамноправна трговија со 27-члената ЕУ и заканувајќи се со високи царини за да го постигне тоа, притоа инсистирајќи дека САД нема да паднат под 15 отсто увозни давачки.

Можете да прочитате

Трамп сака да им исплати по 2.000 долари на сите американски граѓани

Иран предупредува дека пресушуваат резервоарите со вода, можна евакуација на Техеран

Дронови и ракети ја погодија електричната и грејната инфраструктура во Русија и Украина