Утрински Весник
Свет

Трамп пристигна во Париз – 24info.mk

20241207091331 Big 730x400 45.webp.webp

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изутринава пристигна во француската престолнина Париз, јавија француските медиуми, истакнувајќи дека ова е негово големо враќање на светската политичка сцена.

Трамп е меѓу повеќе од 2.000 почесни гости на денешното свечено отворање на реставрираната катедрала Нотр Дам.

Ова е прво патување на Трамп во странство по неговата победа на претседателските избори во САД на 5 ноември.

На церемонијата по повод отворањето на катедралата се очекува да присуствува и актуелниот американски претседател Џо Бајден

Можете да прочитате

Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати

Украина ја нападна руската република Удмуртија, а Русија ја ракетрираше Одеса

Иран објави дека во антивладините протести се убиени вкупно 3.117 лица