Утрински Весник
Свет

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

Tramp.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска повтори дека САД планираат да извршуваат нуклеарни проби, доколку другите земји го направат тоа.

– Ќе спроведеме тестови, да, другите земји го прават тоа. Ако го сторат тоа, и ние ќе го направиме истото, истакна Трамп, без да наведе повеќе детали.


Тој не одговори и за каков вид на нуклеарни проби станува збор.

Нема да кажам. Знам точно што правиме и каде го правиме тоа, но другите земји го прават тоа, па ако можат тие, можеме и ние, посочи Трамп.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична