Утрински Весник
Свет

Трамп побара да се запре производството на ковани центи

20250210074648 Big 730x400 36.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа побара од Министерството за финансии да го запре производството на ковани центи, сметајќи дека е прескапо и со цел да се намали јавната потрошувачка.

-Предолго САД коваа монети и тоа е расипништво. Побарав од министерот за финансии да престане да произведува нови центи, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл.


Милијардерот Илон Маск, кој ја предводи Комисијата за владина ефикасност (DOGE), го покрена ова прашање во јануари, наведувајќи ги трошоците за производство на центи.

Дебатата за ова не е нова во САД, бидејќи неколку нацрт-закони веќе се претставени во Конгресот, но не се усвоени. Доколку Трамп го потпише указот, американскиот Конгрес најверојатно ќе треба да го одобри.

Трамп го направи намалувањето на владините трошења приоритет за неговата администрација, а ова прашање им го довери на Маск и тимот на комисијата.

Канада престана да произведува центи во 2012 година, поради високите трошоци за производство.

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп