Утрински Весник
Свет

Трамп планира да го укине даночното ослободување на Харвард

00000001 181 660x482 1.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера соопшти дека има намера да го повлече даночното ослободување на Универзитетот Харвард.

MK Summit

„Ќе му го одземеме статусот на Харвард за даночно ослободување. Тоа го заслужуваат!“, наведе Трамп во соопштение на Truth Social, без да прецизира кога ќе ги спроведе тие чекори.


Откако ја презеде должноста во јануари, Трамп го стопираше федералното финансирање за големите американски универзитети и иницираше истраги за учесниците во пропалестинските протести минатата година на универзитетите, изјавувајќи дека високото образование е обземено од антисемитизам, „антиамериканска, марксистичка и радикална левичарска идеологија“, пренесуваат британските медиуми.

Харвард ја тужеше администрацијата поради прекин на две милијарди долари во дотации за финансирање на американските истражувања и се приклучи на протестот на повеќе од 200 универзитети и колеџи поради политиките на Трамп во врска со високото образование.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична