Утрински Весник
Свет

Трамп: „Нема договор, но сме блиску“ – Путин: „Ова е почетна точка“

Img 4066.jpeg

Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Аљаска одржаа заедничка прес-конференција по повеќечасовни разговори за ситуацијата во Украина.

„Ова е почетна точка од разговорите,“ изјави Путин, додавајќи дека гледа напори од страна на Трамп да се најде решение за украинската криза.


Трамп истакна дека средбата била исклучително тешка, но и конструктивна:

„Многу тешки разговори имавме, останаа мали недоразбирања за кои мислам дека ќе се решат. Блиску сме до договор,“ рече американскиот претседател.

Сепак, тој нагласи дека засега „нема договор“ и дека ќе направи неколку телефонски разговори со НАТО и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, на кого ќе му ги пренесе разговорите со Путин.

„Најбитната работа е што имавме добар состанок. Знаеме дека повторно ќе се видиме во Москва,“ додаде Трамп.

Оваа средба е означена како историска и се гледа како можен нов почеток на преговорите околу прекинот на огнот и мировниот процес во Украина.

Можете да прочитате

Путин и Трамп со заедничка прес-конференција во живо

Трамп и Путин слетаа во Алјаска

Лавров на Алјаска стигна со блузон на кој пишува СССР