Утрински Весник
Свет

Трамп: Нашите одлуки го тресат светот

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека потезите на Г7 самитот не се само дипломатски протокол, туку имаат „огромно влијание“ врз глобалната економија. Според него, секоја одлука донесена зад затворени врати во рамките на оваа група директно се прелива врз пазарите и секојдневниот живот на милиони луѓе ширум светот.

Трамп беше дециден дека лидерите на најмоќните индустриски земји носат одговорност која ја одредува насоката на глобалната трговија и безбедносните стратегии.


„Одлуките на Г7 не се само формални изјави. Тие имаат конкретни ефекти на сите континенти. Светот внимателно не следи, а секоја грешка во координацијата или спорна одлука може да предизвика сериозни економски и геополитички последици.“ – вели Трамп.

Можете да прочитате

ФБИ: Иран има план за напад врз Калифорнија

Истрагата покажа дека САД го погодиле училиштето со девојчиња во Иран

Мелони: Италија не сака да војува