Утрински Весник
Свет

Трамп: Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам

Tramp Mask.webp.webp
Dik 300x250 mk

Нападите врз продажните места на „Тесла“ ќе бидат означени како домашен тероризам, а сторителите „ќе поминат низ пеколот“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во знак на поддршка за шефот на производителот на електрични автомобили и неговиот сојузник Илон Маск.

Акциите на „Тесла“ се зголемија за речиси четири отсто во вторникот, што претставува закрепнување од најголемиот еднодневен пад во последните четири и пол години, забележан еден ден претходно.


Претседателот Трамп се појави со Маск во Белата куќа за да избере нови возила „Тесла“ за неговиот персонал.

Активистите неодамна ги организираа таканаречените „Протести за рушење на Тесла“ за да го изразат незадоволството од улогата на Маск во големите намалувања на работната сила во федералните институции по налог на Трамп и откажувањето на договорите за финансирање хуманитарни програми ширум светот.

Маск, најбогатиот човек во светот, раководи со Одделот за владина ефикасност (DOGE) во администрацијата на Трамп.

Портпаролот на Белата куќа, Харисон Филдс рече дека „грозоморните акти на насилство врз ‘Тесла’ од страна на радикалните левичарски активисти не се ништо помалку од домашен тероризам.

Можете да прочитате

Новите санкции ќе ја чинат Русија 50 милијарди долари годишно вели Зеленски

Орбан: Не знаеме дали пожарот во рафинеријата беше несреќа или напад

Кина ги повика САД на сериозно почитување на меѓународната забрана за нуклеарни тестирања