Утрински Весник
Свет

Трамп: Намерно ги мешам имињата

1707986516 Tramp.webp.webp

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека кога меша имиња, тоа го прави намерно. Имено, за време на говорот што го одржа минатиот месец, Трамп ја помеша Ники Хејли, ривалка за републиканската претседателска номинација, со поранешната претседателка на Претставничкиот дом на Демократската партија, Ненси Пелоси.

Тој, исто така, посочи дека поранешниот претседател Барак Обама се уште е на функцијата. „Кога намерно ги сменив имињата, рекоа дека не не ги разликувам Пелоси од Ники. Јас сум одличен говорник. Што се однесува до функцијата на Обама, тоа беше сарказам, а не гаф“, рече Трамп вчера на митинг во Јужна Каролина.

Откако минатонеделниот извештај покажа дека американскиот претседател Џо Бајден (81) може да има проблеми со меморијата, прашањето за возраста и менталниот капацитет е ставено на прво место во предизборната кампања во САД.

Хејли (52) повика сите претседателски кандидати на возраст над 75 години, меѓу кои и Бајден и Трамп, да бидат тестирани за ментална способност. Според анкетата на Ројтерс/Ипсос оваа недела, околу 78 отсто од испитаниците, вклучително и 71 отсто од демократите, сметаат дека Бајден е премногу стар за да работи во владата. За Трамп така мислат 53 отсто од испитаниците.

Можете да прочитате

Авијацијата на Полска во состојба на готовност поради руски закани

Во Словачка дојава за бомби во 270 училишта

Уапсен чичкото на осумгодишното девојче по кое трага цела Турција