
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да воведува царини поврзани со Гренланд. Тој на платформата Truth Social, напиша дека „тие воспоставија рамка за иден договор во врска со Гренланд и целиот арктички регион.
„Врз основа на многу продуктивниот состанок што го имав со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, воспоставивме рамка за иден договор во врска со Гренланд, но всушност и за целиот арктички регион. Ова решение, доколку се постигне, ќе биде одлично за Соединетите Американски Држави и за сите земји-членки на НАТО.Врз основа на тоа, нема да ги воведам тарифите што требаше да стапат на сила на 1 февруари. Во тек се дополнителни дискусии во врска со проектот „Златна купола“ во контекст на Гренланд. Повеќе информации ќе бидат објавени како што ќе напредуваат дискусиите. Потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Стив Виткоф и други, по потреба, ќе бидат задолжени за преговорите – и ќе ми поднесуваат извештаи директно мене. Ви благодарам за вашето внимание на ова прашање“, напиша Трамп на Truth Social.


