Утрински Весник
Свет

Tрамп најави нови напади во Иран следната недела

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека напади против Иран ќе продолжат и во третата недела. Toj предупреди дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови.

– Ќе ги удираме многу силно во текот на следната недела. Уништивме поголем дел од нивните ракети, – – изјави денеска Трамп за Fox News Radio.


Трамп исто така рече дека кредибилитетот на новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ставен на тест по заканите од Техеран, пренесе ДПА.

– Многу зборуваа, па сега тој ќе мора да се докаже – рече Трамп, мислејќи на изјавите на иранските официјални лица.
Хамнеи, во изјавата што вчера ја прочита спикерот на државната телевизија, повика на одмазда за жртвите во војната со Соединетите Американски Држави и Израел.

Техеран, исто така, ќе продолжи да го користи Ормускиот Теснец, витален воден пат за нафта и гас, како средство за притисок против своите непријатели, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Трамп: Путин му помага на Иран, а ние ѝ помагаме на Украина 

Унгарија нема да подлегне на притисокот од Украина за купување поскапа нафта

Мајка и тројца синови се во притвор поради експлозијата во американската амбасада во Норвешка