Утрински Весник
Свет

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

1744390802 tramp.jpg
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва изјави дека е постигнат договор со фармацевтските гиганти Novo Nordisk и Eli Lilly за намалување на многу високите цени на неколку водечки лекови за дијабетес и дебелина во САД.

– Драго ми е што можам да објавам дека двата најголеми светски производители на лекови, Eli Lilly и Novo Nordisk, се согласија да го понудат својот најпопуларен лек за слабеење, GLP-1, по значително пониски цени, рече американскиот претседател.

Тој пред новинарите во Белата куќа ги спомена лековите Вегови (Wegovy) и Зепбаунд (Zepbound).

Овие лекови припаѓаат на нова генерација лекови, првобитно развиени за дијабетес, кои имитираат гастроинтестинален хормон (GLP-1), кој игра улога во регулирање на апетитот. Поради значителниот губиток на тежина што го предизвикуваат, тие стануваат сè попопуларни, особено во САД, каде околу 40 отсто од возрасните имаат проблем со дебелина.

Меѓутоа, поради нивната многу висока цена, која може да надмине 1.000 долари месечно во САД, лековите не се достапни за сите. Според договорот, тие ќе бидат достапни за околу 350 долари, бидејќи дел од трошоците ќе ги покрива јавното здравствено осигурување. 

Можете да прочитате

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник

Ненси Пелоси најави дека ќе се пензионира