Утрински Весник
Свет

Трамп: Можно е Русија и Путин да одолговлекуваат со мировниот договор

Tramp.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е можно Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин да „одолговлекуваат“ со мировниот договор со Украина.

-Мислам дека Русија сака да стави крај на тоа, но тие може и да завлекуваат, рече Трамп синоќа во интервју за „Њузмакс“, додавајќи дека за време на неговата бизнис кариера тој самиот „го правел тоа со години“.


Тој наведе дека мисли дека Русија сепак би сакала да заврши конфликтот во Украина, а и украинскиот претседател Володимир Зеленски би сакал војната да заврши во овој момент.

Трамп за време на интервјуто особено го истакна фактот дека во просек на двете страни секоја недела гинат вкупно 2.500 војници и дека без разлика што „не се работи за Американци“ сака конфликтот да заврши што е можно поскоро.

Можете да прочитате

Масовните отпуштања насочени кон 10.000 работни места ги погодија американските здравствени агенции

Пентагон: Нова воздушна поддршка за заштита на трговските рути во Црвеното Море

Две девојчиња и нивната баба со часови заробени под урнатините во Мјанмар, ја снимиле агонијата низ која минале: таткото мислел дека се мртви