Утрински Весник
Свет

Трамп: „Макрон му го бакнуваше задникот на Шји во Кина“

Трамп: „Макрон му го бакнуваше задникот на Шји во Кина“

Поранешниот америански претседател Доналд Трамп денеска го обвини францускиот претседател Емануел Макрон дека ѝ се „потпикнува“ на Кина, пренесува „Политико“.

dobivaj vesti na viber

„Живееме во луд свет што ќе експлодира, а САД немаат апсолутно никакво право на збор“, изјави Трамп, минатиот месец кој стана првиот американски претседател – поранешен или сегашен – што се соочил со кривични обвиненија.

„Дури и Макрон, кој ми е пријател, заврши во Кина каде што му го бакнува задникот на Шји. Зарем Франција сега оди во Кина?“ вели Трамп, чиј однос со Макрон постепено се заладуваше уште додека беше на функција.

Коментарите за францускиот претседател доаѓаат откако Макрон во интервју за „Политико“ за време на неговата официјална посета на Кина сугерираше дека Европа не треба да биде вазал и да дозволи да ја вовлечат во конфронтацијата меѓу САД и Кина за Тајван.

Големиот ризик со кој се соочува Европа, како што тврдеше Макрон, е да заглави во криза што не е нејзина и „ја спречува да ја изгради својата стратешка автономија“.

„Политико“ потоа обелодени дека Елисејската палата ги проверила цитатите на Макрон пред објавувањето како услов за доделување на интервјуто и инсистирал да се отстранат деловите каде Макрон зборувал „уште поискрено“ за Тајван и за стратешката автономија на Европа.

Коментарите на Макрон не наидоа на добар прием од другата страна на Атлантикот.

Во САД, републиканскиот претседател на Специјалниот комитетот за Кинеската комунистичка партија на Претставничкиот дом на САД, Мајк Галагер, ја нарече изјавата на Макрон срамна и за презир.

Белата куќа беше воздржана во коментарите, па портпаролот на Советот за национална безбедност, Џон Кирби, само истакна дека се фокусирани на одличната соработка и координација што САД ја имаат со Франција

За разлика од острите критики кон Макрон, Трамп, кој во повеќе наврати се фалеше со одличните односи со кинескиот претседател додека беше на функција, го пофали Шји Џинпинг, нарекувајќи го брилијантен човек.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња