Утрински Весник
Свет

Трамп избра десничарски коментатор за заменик директор на ФБИ

Den Bongino.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп го назначи десничарскиот коментатор и подкастер Ден Бонгино за заменик директор на ФБИ.

Трамп на социјалните мрежи објави дека Бонгино е „човек со неверојатна љубов и страст за Америка“ и дека ќе служи под новоименуваниот директор на ФБИ, Каш Пател.


Бонгино (50) е поранешен член на Њујоршката полиција и на Тајната служба и има работено во тимови за заштита на двајца претседатели – Џорџ В. Буш и Барак Обама.

„Благодарам господине претседателе, јавен обвинителу Бонди и директоре Пател“, напиша Бонгино на Икс по објавата на Трамп.

Американскиот претседател во неделата на социјалните мрежи рече дека Бонгино е „подготвен да се откаже“ од подкастот „за да служи“.

„Правдата, законот и редот ќе се вратат во Америка и тоа брзо“, додаде Трамп.

Тој исто така истакна дека Бонгино ќе заврши „неверојатна работа“ во ФБИ.

Можете да прочитате

Првите припадници на Националната гарда пристигнаа во Лос Анџелес, најавени се нови протести

„Рено“ ќе произведува дронови во Украина

Зеленски: САД пренасочија 20.000 ракети ветени за Украина кон Блискиот Исток