Утрински Весник
Свет

Трамп: Иран сака договор, но сè уште не е подготвен

Tramp.webp.webp

Доналд Трамп изјави дека Иран има интерес за договор со САД, но според него Техеран сè уште не е подготвен за негово склучување.

„Сакаат договор, но мислам дека не се подготвени за тоа“, рече Трамп во изјава за медиумите, додавајќи дека Вашингтон смета дека има предност во актуелната кампања.


Тој претходно посочи дека е подготвен за разговори со ирански претставници, но предупреди дека нападите би можеле да продолжат доколку Иран не ги исполни американските барања. Осврнувајќи се на островот Харк – главниот ирански терминал за извоз на нафта Трамп рече дека постројката моментално не функционира, но нагласи дека САД намерно избегнувале напади врз нафтоводите бидејќи нивната обнова би траела со години. Трамп додаде дека очекува цените на нафтата да се намалат по завршувањето на конфликтот и дека, според него, тоа нема да трае долго.

Можете да прочитате

Шест болници во Иран евакуирани

Иран го објави главниот услов за завршување на војната

ВИДЕО: Жесток напад на Иран врз Емиратите, огромен пожар во клучно нафтено складиште