
Американскиот претседател Доналд Трамп преку својата социјална мрежа „Truth Social“ истакна дека Иран бил принуден на повлекување по жестоките напади од САД и Израел. Според него, Техеран веќе им се извинил на своите соседи на Блискиот Исток со ветување дека нема повторно да ги нападне.
„Ова ветување е дадено само поради континуираните напади на САД и Израел,“ напиша Трамп, додавајќи дека Иран, кој претходно се обидувал да ја преземе контролата врз регионот, сега за прв пат во историјата е поразен од соседните земји.
Трамп во својата објава не штедеше зборови, нарекувајќи го Иран поранешен „насилник на Блискиот Исток“, кој сега станал „губитник во регионот“.
„Поради лошото однесување на Иран, сериозно се разгледува целосно уништување на одредени области и групи кои до овој момент не се сметаа за цели,“ – вели Трамп.


