Утрински Весник
Свет

Трамп го прогласи глобалниот даночен договор на ОЕЦД за неважечки во САД

20250121063642 Big 730x400 78.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна указ со кој глобалниот минимален корпоративен данок, што беше поддржан од администрацијата на Џо Бајден и договорен со повеќе од сто земји, не е важечки во САД.

„Овој меморандум го враќа суверенитетот и економската конкурентност на нашата земја со појаснување дека глобалниот даночен договор нема сила или ефект во САД“, се вели во меморандумот.


Тој документ е еден од многуте што Трамп ги потпиша на првиот ден од неговиот втор мандат како претседател на САД.

Со неговиот указ, Трамп ефикасно ги повлекува САД од историскиот договор од 2021 година. 

Трамп, исто така, му нареди на американското Министерство за финансии да подготви „одбранбени мерки“ против земјите кои вовеле или најверојатно ќе воведат даночни правила кои несразмерно ги засегаат американските компании.

Европската унија, Велика Британија и другите земји се договорија за глобален минимален корпоративен данок од 15%. 

Можете да прочитате

Двајца загинати во експлозија во позната фабрика во Германија

Три лица се избодени со нож во центарот на Тел Авив

Силен земјотрес вечерва ја погоди Турција