Утрински Весник
Свет

Трамп го прекина Стармер на прес-конференција: „Доста е“

Starmer Tramp1.jpg

За време на заедничката прес-конференција во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп го прекина говорот на британскиот премиер Кир Стармер. Инцидентот се случи додека Стармер одговараше на прашање за заканите на Трамп да ја направи Канада 51-та американска држава.

Имено, Стармер бил прашан дали тој или кралот Чарлс III е загрижен за реториката на Трамп кон членката на Комонвелтот на крајот од посетата на Белата куќа која вклучуваше повеќе состаноци на теми како трговијата и војната во Украина. Британскиот лидер рече дека темата за Канада не била спомната за време на тие разговори и се обидел да го истакне историското пријателство меѓу Обединетото Кралство и САД.


„Ја спомнавте Канада. Мислам дека се обидувате да најдете јаз меѓу нас што не постои, ние сме меѓу најблиските нации и имавме одличен разговор денес…“. Трамп потоа нагло го прекина со зборовите „доста е, благодарам“ и повика друг новинар.

Како одговор на прозивките кон Трамп на социјалните мрежи, се јави еден од официјалните профили на Белата куќа. На профилот беше споделена снимка од далечен агол, на кое се гледа како американскиот лидер гледа во новинар додека го прекинува британскиот премиер.

„Претседателот Трамп го прекина новинарот кој сакаше да создаде јаз меѓу двајцата лидери“, напишаа тие.

Во описот на сметката се вели дека е создадена за да ја поддржи агендата на Трамп „Америка на прво место“ и „брзо да реагира“ на лажните вести.

Можете да прочитате

ФСБ тврди дека Украинците се обиделе во Москва да го убијат митрополитот Тихон, исповедникот на Путин

Шојгу со Си: Соработката меѓу Русија и Кина е пример за односите меѓу двете големи светски сили

Европол: Дваесет и пет лица уапсени поради онлајн дистрибуција на детска порнографија генерирана со вештачка интелигенција