
Американскиот претседател Доналд Трамп официјално го помилува поранешниот претседател на Хондурас. Хуан Орландо Ернандес, во САД беше осуден за трговија со дрога.
Неговиот адвокат Ренато Стабиле потврди дека Ернандес веќе е пуштен на слобода.
Трамп минатата недела најави дека има намера целосно да го помилува Ернандес, што значи бришење на пресудата што го испрати поранешниот средноамерикански лидер во затвор. Податоците од американската Управа за затвори потврдуваат дека тој е отпуштен од установата во Западна Вирџинија.
Ернандес, кој беше претседател од 2014 до 2022 година, лани беше осуден на 45 години затвор и осум милиони долари казна. Тој соработувал со нарко картели за транспорт на повеќе од 400 тони кокаин кон САД, примајќи милиони долари мито за сопствен политички подем.

