Утрински Весник
Свет

Трамп го избра Шон Каран да биде новиот директор на Тајната служба

20250123071421 Big 730x400 59.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го избрал Шон Каран за директор на американската Тајна служба. Каран беше дел од обезбедувањето на Трамп во време на обидот за атентат во Батлер, Пенсилванија, минатиот јули. 

„Тој ја демонстрираше својата голема храброст кога го ризикуваше сопствениот живот за да ме спаси од куршум на атентатор во Батлер, Пенсилванија.Имам целосна и апсолутна доверба во Шон дека ќе ја направи Тајната служба посилна од кога било“, наведе Трамп во изјавата


Каран ќе го замени Рон Роу, кој беше вршител на должноста директор од јули, кога директорката на Тајната служба Кимберли Читл поднесе оставка откако агенцијата беше под лупа и не успеа да спречи потенцијален убиец да го рани Трамп на предизборен митинг.  Куран ја започна својата кариера со Тајната служба во 2001 година како специјален агент во теренската канцеларија во Њуарк. 

Можете да прочитате

Американец повикал помош и застрелал седум полицајци, пронајден е мртов

Петмина повредени во напад со нож во Лондон

Невреме во Австралија: Повеќе од 25.000 домови се без струја