Утрински Весник
Свет

Трамп го избра „крипто царот“

Screenshot 2024 12 06 075500.jpg

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го назначи инвеститорот, пријателот на Маск и подкастер Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути.

Сакс, искусен, но контроверзен технолошки извршен директор, ќе има големо влијание врз обликувањето на технолошката политика на земјата.

Ова дополнително го зацврстува влијанието на Маск и претприемачот Питер Тиел во најважните делови од идната американска администрација.

Сакс беше ко-основач на Пејпал, каде што работеше со Маск и Тиел, а подоцна инвестираше во нивните компании Спејс Икс и Палантир.

„Тој ќе го заштити слободниот говор на Интернет и ќе нè оддалечи од пристрасноста и цензурата на големата технологија. Тој ќе работи на правната рамка за крипто индустријата да ја има јасноста што ја бара и да може да напредува во САД“, рече Трамп во објавата на неговата социјална мрежа.

Можете да прочитате

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација

„Шпигел“ открива нови детали: Дронот од Лајпциг со идентични компоненти како запленетите во Србија