Утрински Весник
Свет

Трамп ги нападна гувернерот на Минесота и градоначалникот на Минеаполис за „поттикнување бунт“

20260125080526 big 730x400 26.webp.webp

По фаталната нова пукотница за време на операцијата на американските федерални агенти во Минеаполис, во која беше убиен еден демонстрант, претседателот Доналд Трамп ги нападна градоначалникот и гувернерот на државата Минесота.

„Градоначалникот и гувернерот поттикнуваат бунт со нивната помпезна, опасна и арогантна реторика“, напиша Трамп на својата мрежа Truth Social.

Трамп напиша и за американската Служба за имиграција и царина (ICE): „Дозволете им на нашите патриоти да си ја работат работата!“

Гувернерот на државата Минесота, во која се наоѓа Минеаполис, Тим Волц, го повика Трамп на прес-конференција да ги повлече силите од Минесота.

„Отстранете ги овие сили од Минесота, тие сеат хаос и насилство“, рече тој.

Градоначалникот Џејкоб Фреј, демократ како и Волц, напиша на X: „Уште колку луѓе треба да умрат или да бидат застрелани пред да заврши ова? Претседателе Трамп, ве повикувам да ги ставите Американците и овој американски град на прво место и да го отстраните ICE.“

„Ако целта на мисијата е да се обезбеди мир и безбедност, тогаш е постигнато спротивното“, рече Фреј.

Еден маж, 37-годишнот медицински техничар во болница за ветерани од воините, Алекс Прети, вчера почина откако беше застрелан од федералните агенти, се наведува во официјалните извештаи. Многу детали од инцидентот сè уште се непознати.

Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека агентите биле на мисија да уапсат странец кој наводно бил нелегално во САД кога им се приближил маж со пиштол.

Според локалната полиција, убиен е американски државјанин кој живеел во Минеаполис, кој бил легален сопственик на пиштол и имал дозвола за негово носење.

На почетокот на јануари се случи слично  убиство, кога жена беше убиена во нејзиниот автомобил во истиот град за време на операција на агенти на ICE.

Можете да прочитате

СЗО жали за повлекувањето на САД

Макрон со предлог за забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Член на Хамас уапсен на аеродромот во Берлин, подготвувал терористички напади