Утрински Весник
Свет

Трамп додаде дека по Иран би можел да падне и кубанскиот режим

Tramp56 3 1.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека САД ќе помогне во изборот за нов ирански лидер. Упати критика и кон украинскиот претседател Зеленски и компанијата за вештачка интелигенција ,,Антропик”.

Трамп последниве денови се соочува со политички критики во САД, вклучително и незадоволство кај дел од движењето МАГА поради војната со Иран, како и критики од демократите поради растот на трошоците за живот.


Во телефонскиот разговор Трамп настапи самоуверено. Тој ја отфрли загриженоста дека војната би можела да влијае врз цените на горивата и американските резерви на оружје и тврди дека американските гласачи ја поддржуваат воената операција против Иран. Иако бројни анкети покажуваат спротивно, истражување објавено од „Фокс њуз“ покажало дека гласачите се поделени околу ова прашање.

„На луѓето им се допаѓа тоа што се случува“, рече Трамп.

Трамп додаде дека по Иран би можел да падне и кубанскиот режим.

„Куба исто така ќе падне. Го прекинавме целиот доток на нафта, сите пари – всушност сè што доаѓаше од Венецуела, која беше нивниот единствен извор. И сега сакаат да склучат договор“, рече тој.

На прашањето дали САД имаат улога во евентуалниот пад на кубанската влада, Трамп одговори:

„Што мислите вие? Веќе 50 години слушате за Куба. За мене тоа е само шлаг на тортата.“

Притоа ги пофали односите со Венецуела.

„Во Венецуела оди фантастично. Делси прави фантастична работа. Односите со нив се одлични“, рече Трамп.

Тој потврди и дека Вашингтон разговара со кубанското комунистичко раководство, додека ситуацијата на островот се влошува по заробувањето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро.

„Им треба помош. Разговараме со Куба“, изјави Трамп.

Додаде дека влошувањето на ситуацијата на Куба делумно е последица на американскиот притисок, вклучително и прекинот на снабдувањето со венецуелска нафта која со години ја одржувала кубанската економија.

„Тоа е поради мојата интервенција, интервенција што се случува токму сега. Инаку немаше да го имаат овој проблем. Ја прекинавме целата нафта, сите пари… сè што доаѓаше од Венецуела“, повтори Трамп.

Додека американските воени операции против Иран доминираат во надворешната политика на неговата администрација, Трамп навести дека САД сакаат да имаат важна улога во обликувањето на политичката иднина на Иран по војната.

Можете да прочитате

Британија испраќа борбени авиони во Катар 

Франција забрани на американците да ги користат своите бази на Блискиот Исток

Турција го осуди иранскиот напад со беспилотни летала врз аеродромот во Азербејџан