Утрински Весник
Свет

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

00000001 828 660x353 1.webp.webp
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека даноците ќе започнат да важат на 1 август и дека нема да има повеќе одложувања. “Немаше промени до овој датум, ниту пак ќе има промени.”

“Со други зборови, сите пари ќе доспеат за плаќање почнувајќи од 1 август 2025 година”, напиша тој на Truth Social.


Трамп додаде дека некои држави за кои се воведуваат давачки, биле информирани писмено вчера, додека други ќе добијат официјална нотификација во текот на денот.

Трамп извести најмалку 14 држави за новите тарифни стапки кои ќе стапат на сила на 1 август, со напомена дека ваквата царинска политика би можела да се измени со спогодба во областа на трговијата.

За Јапонија и Јужна Кореја е утврдена царина од 25 проценти. Ист процент на царина е утврден и за Малезија, Казахстан и Тунис.

На Јужна Африка и Босна и Херцеговина им се воведени давачки од 30 проценти, на Индонезија 32 проценти, на Бангладеш и Србија 35 проценти, на Камбоџа и Тајланд 36 проценти, а на Лаос и Мјанмар 40 проценти.

Трамп во писмата ги предупреди земјите против воведување реципрочни мерки, нагласувајќи дека САД во тој случај ќе реагираат со воведување дополнителни давачки.

Трамп во април објави основна царинска стапка од 10 проценти за повеќето земји и дополнителни давачки кои достигнуваат до 50 проценти.

Потоа го одложи започнувањето на новите давачки до 9 јули за сите освен за оние земји на кои им беше одредена стапка од 10 проценти.

Можете да прочитате

Кина потврдува дека ги укинува дополнителните царини од 24 проценти за американскиот увоз

Протекување на податоци на „Тиса“: Маѓар обвинува руски хакери, Орбан посочува украинска вмешаност

Хакерски напади врз белгиските телекоми „Проксимус“ и „Скарлет“