Утрински Весник
Свет

Трамп ја покани ЕК да биде член на Комитетот за мир во Газа

Tramp.webp.webp

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ја покани Европската комисија да биде член на „Комитетот за мир“ во Газа, објави Асошиејтед Прес (АП).

Портпаролот на Европската комисија, Олоф Гил, потврди дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, добила покана и ќе разговара со други лидери на ЕУ за Газа.

Гил не кажа дали поканата е прифатена, но рече дека комисијата сака да „придонесе кон сеопфатен план за прекин на конфликтот во Газа“.

Порано денес, Кремљ објави дека Трамп го поканил рускиот претседател Владимир Путин да се приклучи на „Комитетот за мир“ во Газа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на новинарите дека Путин „ја примил понудата преку дипломатски канали“, објави Блумберг.

Тој додаде дека Русија има намера да контактира со американската страна за да ги разјасни сите детали од предлогот.

„Комитетот за мир“, кој ќе дејствува како чадор за надзор за Газа и ќе биде претседаван од Трамп, ќе биде составен главно од шефови на држави од целиот свет.

Работата на Комитетот би започнала со решавање на конфликтот во Газа, а потоа би се занимавала и со други конфликти.

Ројтерс објави дека според нацрт-статутот, кој сè уште не е формално усвоен, со Одборот би претседавал Трамп доживотно.

Мандатот на државите во Одборот би бил ограничен на три години, освен ако не платат по една милијарда долари за финансирање на активностите на одборот и со тоа не добијат постојано членство, според Ројтерс.

Трамп, исто така, ги покани лидерите на Австралија, Белорусија, Казахстан, Бразил, Канада, Турција, Аргентина и други во Комитетот. ; Крајнодесничарскиот министер за финансии на Израел, Безалел Смотрич, денес повика на распуштање на Одборот, објави АП.

Можете да прочитате

Во подготвка е НАТО мисија на Гренланд

На 22 јануари вонреден самит на ЕУ

Глобалните моќници се собираат во Давос, Трамп предводи со говор и прием