Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трамп ја овластил ЦИА за тајни операции во Венецуела

20251016074109 big 730x400 24 1.webp.webp
Img 7972

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потврди дека ја овластил Централната разузнавачка агенција (ЦИА) да спроведува тајни операции во Венецуела, јави ДПА.

платено политичко рекламирање

Запрашан на прес конференција во Белата куќа зошто ја овластил ЦИА да влезе во Венецуела, Трамп рече дека „ги испразнивме своите затворите во САД“ и дека „имаме многу дрога што доаѓа од Венецуела“.


Трамп одби да одговори на прашањето дали ЦИА има овластување да го „отстрани“ венецуелскиот авторитарен претседател Николас Мадуро, за кого САД велат дека е вмешан во меѓународна трговија со дрога. 

Претседателот изјави дека неговата администрација разгледува мерки за сузбивање на операциите против дрога на копно, покрај нападите што американската војска ги спроведува врз бродови за кои се сомнева дека носат дрога во Карибите.

-Голем дел од венецуелската дрога влегува преку море, па можете да го видите тоа, но ние ќе ги запреме и по копно, рече Трамп, пренесува германската агенција.

Во последните недели, американската војска постојано пукаше врз бродови со осомничени шверцери на дрога во Карибите. Се наведува дека во овие акции се убиени повеќе од 20 лица, пренесе ДПА.

Акциите предизвикаа широки критики, делумно затоа што американската влада првично не успеа да обезбеди законска основа за нападите.

Обединетите нации претходно во октомври ја повикаа американската Влада на воздржаност, потсетува ДПА. 

Американските медиуми неодамна објавија дека Трамп утврдил дека САД се во „вооружен конфликт“ со нарко-картелите и дека шверцерите се „нелегални борци“, а неговата администрација ги прогласи нарко-картелите за терористички организации.

Можете да прочитате

Двајца загинати во пукотница во близина на училиште во Чешка

Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви