Утрински Весник
Балкан

Трагичен крај на потрагата: После седум дена српскиот доктор пронајден мртов

Policija rotacija 1 1.jpg

Д-р Драгослав Јовановиќ, пензиониран ортопед од Заечар, по кого се трагало од 6 ноември, денес е пронајден мртов, изјавил неговиот син на социјалната мрежа X.

„Почитувани, немам сила да кажам повеќе. Утрово мојот татко е пронајден мртов. Сега ме известија. Засега… тоа е тоа“, напишал тој.


Да потсетиме дека докторот од Заечар, пензионираниот ортопед д-р Драгослав Јовановиќ исчезнал во четврток, 6 ноември, околу 8 часот наутро.

Последен пат е виден во поштата во Заечар. Во времето на неговото исчезнување, д-р Драгослав Јовановиќ носел црна јакна, црни панталони и патики.

Можете да прочитате

Меѓународна акција го спречи киднапирањето на албански нарко-бос, уапсени шест платеници

Возач на автобус избоден, полицијата го бара сторителот: тежок напад во Љубљана

Албанија блокираше увоз на 75 тони пченица од Србија