Утрински Весник
Македонија

Трагичен крај на потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски од Прилеп

Image 2026 02 16 202621101.png

Роднини и пријатели на социјалните мрежи се збогуваат од Виктор Илиоски (39) од Прилеп, кој последен пат бил виден во саботата попладне.

„Син ми почина“, напиша мајката Роза во еден од коментарите на Фејсбук објавени во текот на вчерашниот ден, пренесувајќи ја големата болка и тага на семејството, објави 4news.mk

Виктор Илиоски последен пат бил виден на 14 февруари околу 14 часот, облечен во тегет јакна (вентијага), црни тренерки и сиви патики. Семејството веднаш апелираше до јавноста за помош во потрагата по него.

Неговиот татко, 69-годишниот Д.И., исчезнувањето го пријавил во полиција во неделата попладне, по што започнала потрагата за Виктор. Во меѓувреме, социјалните мрежи се преполни со пораки на сочувство и спомени од неговиот живот.

Можете да прочитате

Воена вежба со маневарска муниција утре на крајбрежјето и во водите на Охридското Езеро

Мисајловски: Наскоро конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати