Утрински Весник
Свет

Трагедија во Србија: Познат новинар искасан до смрт од кучиња

Трагедија во Србија: Познат новинар искасан до смрт од кучиња
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Српскиот новинар и аналитичар Владан Радосављевиќ (62) починал откако го искасале улични кучиња во селото Велика Иванча кај Младеновац. Како што пренесуваат српските медиуми, Радосављевиќ бил во викендица со неговата сопруга, а нападот се случил додека се шетал низ селото.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, во нападот на кучињата тешко повредена е и неговата сопруга.

Тој успеал да ја повика неа, но кога таа стигнала веќе било доцна.

Според полицијата, бил нападнат од глутница три кучиња скитници. Од МУП додаваат дека мажот набрзо искрварил до смрт и починал на лице место, а дека неговото тело е однесено на обдукција.

Можете да прочитате

Новогодишна ноќ се претвори во хорор: Експлозија и пожар со десетици жртви во Швајцарија

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин