Утрински Весник
Македонија

Трагедија во Скопје: Eдно лице загина, четворица повредени во тешка сообраќајна несреќа

Soobrakajka.jpg

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 23:10 часот на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, при што животот го загубил 56-годишниот С.Х. од Скопје, соопшти МВР.

Според првичните информации, во незгодата учествувале патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од починатиот, и патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 28-годишниот Ф.П. од Скопје.


„Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот на патничкото возило ‘Фолксваген голф’ С.Х., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт“, информираат од МВР.

Со телесни повреди се здобиле сопатниците од „голфот“ – 52-годишната Н.Х. и 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје, како и 28-годишниот Ф.М. од Косово и возачот на „БМВ“-то. Повредите им биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

„Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и полициски екипи“, додаваат од МВР. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Надлежните продолжуваат да работат на целосно расветлување на причините за несреќата.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари