Утрински Весник
Свет

Трагедија во Индија: скокнале од воз поради гласини за пожар, а друг воз ги прегазил, 13 мртви

467dc6eb 5573 4249 B9b4 31c8a7f68e3e.jpg

Најмалку 13 лица загинаа од удар на воз во западна Индија, кога патниците скокнале од друг воз на соседната пруга, бидејќи слушнале гласини за ширење на пожар и биле прегазени од воз што минувал. Гласината се покажа како невистинита.

Властите веруваат дека 13 лица загинале, а спасувачките екипи ги лекуваат повредените, објавија индиските медиуми.


Патниците скокнале од возот откако слушнале гласини дека пожарот се шири. Некој ја повлече сопирачката за итни случаи, запирајќи го возот. Избувна паника, иако гласините се покажаа како лажни.

Првично беше нејасно колку луѓе имало во возот во моментот на несреќата.

Се чини дека на вагонот се појавила искра поради вжештена оска или заглавена сопирачка, објави новинската агенција PTI, цитирајќи официјален претставник на железницата, кој рече дека некои патници во паника ја повлекле сопирачката за итни случаи, а некои скокнале надвор.

Можете да прочитате

Во вторник итен состанок на ЕУ за масовните преминувања на мигранти во Сеута

Анкета: Во случај на војна, повеќето Полјаци не би се пријавиле доброволно да ја бранат земјата

Зголемен бројот на градови под црвено предупредување за високи температури во Италија