Несреќа се случила вечерва во населбата Илинден во Скопје. Малолетно девојче загина во пожар на цистерна во складиште. Иако првичните информации од пријавата беа дека пожарот бил во складиште на Макпетрол, од ПР агенцијата „Њу момент“ негираат.
Според информациите од МВР, малолетни лица запалиле цистерна кај железничката станица. Децата, рекле дека на цистерната има малолетно женско лице и истото починало.
Случајот го пријавил скопјанецот С.К. Тој ги згрижил децата, за кои посочил дека го предизвикале пожарот.
„Двете малолетни деца се кај него дома и по обавениот разговор со децата, посочено е дека на цистерната најверојатно има малолетно женско лице и истото е починато. На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот. Oва е првична информација спoред тоа како е пријавено. Повеќе детали ќе имаме подоцна“ соопшти МВР.
На лице место упатени полициски службеници за расчистување на случајот.