Седумдесет и тригодишна жена загина на железнички премин кај Никшиќ кога во неа удрил патнички воз, соопшти полициската управа на Црна Гора.
Возот од станицата во Никшиќ тргнал кон Подгорица во 20 часот, а несреќата се случила десет минути по тргнувањето.
Преминот не бил осветлен, а возот запрел на околу 100 метри од местото на несреќата.
Мештаните кои живеат во околината на овој железнички премин велат дека со години бараат преминот да биде осветлен и обезбеден бидејќи на тоа место неколку пати се случувале несреќи.