Утрински Весник
Македонија

Трагедија: Македонец загина во сообраќајка во Грција

Soobrakajka.jpg

Седумдесет и седумгодишен маж од Македонија загина во сообраќајна несреќа во Грција, објавија грчките медиуми.

Несреќата се случила неколку минути по 14:00 часот на автопатот Егнација, на вертикалната оска Сјатиста – Кристалопиги, која се протега од Кожани до Костур, кога возило управувано од 49-годишен Грк се судрило со возило од спротивната насока во кое патувале 77-годишен маж и 70-годишна жена од Северна Македонија.


77-годишниот маж починал на самото место, додека сопатникoт се здобил со полесни повреди.

Според полицијата на Грција, 49-годишникот е приведен, додека е отворена истрага за инцидентот

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци