Утрински Весник
Спорт

Традиционален JUNIOR DAY на SPORT LIFE

Традиционален „JUNIOR DAY” на „SPORT LIFE“
Dik 300x250 mk

На 06.06.2023 г. во Спортско рекреативниот центар „Хиподром“ и ресторанот „Потковица“, се одржа „Junior Day”, настан на кој присуствуваа над 300 деца од цела Македонија, заедно со своите родители, вработени во компаниите на СЛ Холдингот: Спорт Лајф, Златна Копачка, Спорт Лајф Гејминг и БЕТ О2 и на компаниите ЏС Актуел и Ј.Е.С Глобал.

dobivaj vesti na viber

 

„Овој заеднички настан претставуваше незаборавен ден за сите нас. Тој преминува во традиција и секојпат е исполнет со рекреативни и забавни активности, натпревари и голем број награди. Но, секоја година е посебна по нешто.

 

Децата овојпат имаа можност да јаваат на преубавите пони коњчиња Ромео и Јулија, а крајот на настанот беше збогатен со наградна лотарија. Се извлекуваа бројни подароци за децата – таблети, тротинети, скироли, фудбалски топки, пикада, велосипед и други награди. Видовме многу возбудени и среќни дечиња, а на најсреќното од нив, кое беше од Велес, му припадна главната награда – велосипедот“ – истакнаа организаторите од „Спорт Лајф“.

„Junior Day” е ден за заедничка средба вон работните места и ден за одлична забава за вработените и нивните најмили, оваа година тоа го видовме во природата и убавините на Спортско рекреативниот центар Хиподром, а за следната подготвуваме нови изненадувања.

Уверете се и сами преку видеото на следниот ЛИНК.

(ПР)

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа