Утрински Весник
Македонија

Трајно решение за растот на функционерските плати мора да биде прва задача на новиот парламентарен состав, порача Пендаровски 

Foto 1 1.jpg

Една од првите работи што треба да ги направи новиот парламентарен состав е да најде трајно решение за платите на функционерите, затоа што само намалувањето на коефициентите не е решение порача денеска претседателот на државата Стево Пендаровски. 

Пендаровски порача дека измените на сетот Закони што се случија неодамна можеле да се случат и многу порано, но и дека и покрај тоа што апелирал на тоа, не наишол на слух од другите.

Пендаровски додаде и дека немало никаква реакција од опозицијата од моментот на носење на Одлуката за раст на платите на функционерите за 78 проценти.

„Таа одлука на Уставниот суд која сама по себе е коректна, но немаше никаква реакција од страна на Владата во однос на измената на законите, доведе до ситуација, секој следен штрајк освен основните барање, да се бара и покачување на платите во истиот процет, никој не бараше покачување на плати од пет 10 или 15 отсто, туку точно 78 проценти. Она што сакам да го подвлечам е тоа што главната опозициска партија беше исклучително тивка кога беше донесена таа одлука. Има начини, но прашање е дали има политичка волја тоа да се направи, повторно ќе кажам, ме зачудува што не партиите што се на власт до сега, туку ниту еден од опозицијата не гукна ништо, ниту пак го рече она што го реков јас, кога немав друго решение, дека разликата од старата и новата плата ќе ја донирам“ порача Пендаровски.

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор